Притисокот врз болниците е многу намален. Благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно го издржаа притисокот со кој беа соочени. Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.
Денеска е затворен делот на интерните клиники – Одделенијата на дерматовенерологија и неврологија, коишто за целиот период помеѓу двата брана не престанаа со третман на ковид пациенти.
Поради намалениот број на пациенти во последните две недели, се затворија ковид центрите на Клиниката за урологија, Клиниката за пластична хирургија, ТОАРИЛУЦ – Трауматологија, Клиниката за уво нос и грло, Клиниката за очни болести, Клиниката за гастроентерохепатологија и Институтот за физикална медицина, како и детската болница Козле.
Comments are closed for this post.