Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата.
Заев по средбата изјави дека таа личност треба да ги претставува сите граѓани во Република Северна Македонија со што ќе се прати порака за едно општество за сите.
Најави дека партиските органи во наредните денови ќе ги продолжат консултациите за можноста за зеднички претседателски кандидат.
Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не, рече Заев.
Прашан кои се можните кандидати на СДСМ, Заев кажа дека од десеттината имиња кои се спомнуваат во јавноста, пет се фаворити. Најави дека поконкретни информации ќе се знаат во наредните денови
Comments are closed for this post.