Зад мене е центарот за полнење на администрација, за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Услов е кандидатот да биде член или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата., изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиловски.
Костадин Костадинов е поранешен советник, па ВД градоначалник на Струмица, сега пратеник и партиски портпарол на СДСМ кој вели немало непотизам! Особено не за вработувањето на мајката си во Централниот регистар во Струмица.
Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај?
Односно: Зошто од регистарот во 2013 година е избришана фирмата ФАНИ ЕКСТРА ДООЕЛ Увоз Извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци? Зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата ФАНИ ЛОГИСТИК ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење? Зошто е поведена стечајна постапка и бришењето на ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, уште една семејна компанија на Костадинови? Зошто е поведена стечајна постапка и е избришана од трговскиот регистар ИНТЕР МЕТАЛ МЕТН ДООЕЛ Струмица, уште една од низата семејни компании на Костадинови, чиј што сопственик и управител најчесто е Фанија Костадинова, мајка на партискиот портпарол, поранешен ВД градоначалник на Струмица, поранешен Советник во општината, а сега пратеник во Собранието на РМ и портпарол на СДСМ?
Comments are closed for this post.