Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.А.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, а против П.А.(32) од Велес и Е.А.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” во врска со „компјутерска измама“.
Велешанецот Т.А набавил незаконска SIMBOX опрема и заедно со пријавените П.А. и Е.А. набавиле СИМ картички и овозможиле користење на опремата, притоа вршејќи нелегален мобилен сообраќај користејќи ја мрежата на два мобилни оператори.
На овој начин, во периодот од сепетември 2018 до април 2019 година, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 295.155 денари.
На 10 април годинава, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домови во Скопје и Велес, при што во домот во Скопје биле пронајдени и одземени два рутери, мемориска картичка и други предмети. Додека при претресот на домот во Велес биле пронајдени и одземени еден „SIMBOX“ уред со полнач, мобилен телефон и поголем број СИМ картички, велат од полицијата.
Comments are closed for this post.