Понудените оставки на министрите на ДУИ се чист блеф, коментираат познавачите на случувањата во оваа партија. Доколку тие имаат чесна намера да си поднесат оставки тоа ќе го направеа во единственото можно место а тоа е Собранието.

Јасно е дека функционерите избрани од Собранието можат да поднесат оставки само до Собранието а не до својот вистински шеф Али Ахмети или до т.н премиер Ковачевски.

На сличен начин размислува и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е добро ДУИ почнале да се подготвува за падот на оваа влада. Оттаму бараат оставките кои ги поднесоа нека ги активираат и да се оди на брзи избори.

Ги охрабруваме министрите, посебно овие од ДУИ кои депонираа оставки, да се охрабрат уште малку и да ги активираат. Убаво ќе биде да се соочат со народот поскоро и да видат што мисли тој за нивната работа-велат од ВМРО-ДПМНЕ.