Денеска пред вас го презентираме самиот договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржа во декември 2023 година. Овој документ е непобитен доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
Договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала:

VIP автомобил: 29.000 денари на ден (без ДДВ)
Возило од средна класа: 23.000 денари на ден (без ДДВ)
Миниван 8+1: 19.200 денари на ден (без ДДВ)
Само еден месец претходно, истиот оператор склучил договор со МНР за редовни потреби по цена од само 9.500 денари за ист тип возило со возач.
Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време.
Ова е системска корупција. Ова не е административна грешка, ова е свесно донесена одлука која штетела на буџетот и на граѓаните.
Нема записник или доказ колку возила биле користени.
Нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата.
Нема транспарентност во критериумите и во изборот на операторот.
Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови.
Ова е начинот како работел Бујар Османи како Министер за надворешни работи.
Ова се тврдења на Државниот завод за ревизија, не наши, на ВЛЕН.
Затоа, го прашуваже Бујар Османи:
Кој го потврдил бројот на возила и реализацијата на договорот?
Зошто цените биле три пати повисоки за исти услуги и од ист оператор?
Кој профитирал од оваа шема?
Зошто не постоела комисија за прием на услугите?
Доколку нема логични и адекватни одговори, ние бараме да се отвори кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор.
Бараме и да се активира Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Бујар Османи.
Бујар Османи е должник пред граѓаните.
Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури.
Ги повикуваме медиумите, граѓанските организации и сите граѓани внимателно да го погледнат овој договор, ова е вистинското лице на политичката корупција.
Ваквиот модел на работа мора да заврши. ВЛЕН ќе продолжи да ја открива вистината и да се бори за чесно, одговорно и транспарентно управување со државните пари
Comments are closed for this post.