Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека доколку кажеме „не“ за внес на Бугарите во Уставот ќе започнат меѓуетнички тензии и ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија.

„Кој е аргумент од хрватска црногорска заедница да прашат зашто не се во Уставот, нема аргумент освен класична дискриминација. Во наш интерес е да ги внесеме и Хрватите и Црногорците како Хрватска што ги внесе сите, 25 заедници. Не смееме да гаиме чувства на гнев кон другите, немаме проблеми такви за да ги мразиме другите, не можеме да не ги внесеме Бугарите во Уставот, 3.000 се колку се толку се, сите тие ги имаат истите права и привилегии. Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија“ – рече Османи.

На протестот против францускиот предлог, на кој излегоа повеќе од 120 илјади граѓани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Бујар Османи дека е кукавица која се заканува со меѓуетнички тензии.