Доколку навистина решаваа граѓаните, премиер ќе беше Никола Груевски, а не Зоран Заев, вели во интервју за „Слободен печат“ вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој зборуваше за идејата Албанец да биде премиер на Македонија што ја пласираше неговата партија Демократската унија на Албанците.
Ние ги слушнавме изјавите дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер, а не партиите. Морам да кажам дека граѓаните во 2016 година одлучија Никола Груевски да биде премиер. ДУИ одлучи Зоран Заев да биде премиер! Така што, прашањето на формирање влади е, пред сè, прашање на политички компромис. Влада формира тој што обезбедува мнозинство, а не тој што добива најмногу гласови. Тој што кај претседателот ќе обезбеди 61 пратеник и ќе го добие мандатот. Ние сметаме дека се созреани условите 2020 година да го добиеме првиот премиер Албанец. Тој ќе биде премиер на еднаквоста, на сите граѓани, што ќе ја сруши и последната тврдина на отпор кон еднаквоста и на етнички монопол. Државата нема да изгуби ништо, а ќе добие на својот унитарен карактер, вели Османи.
Comments are closed for this post.