Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, побара целосна поддршка на правосудните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка за расветлување на случајот „Рекет“. Османи нагласува дека тоа е предуслов за да се обезбеди враќање на довербата во институциите и владеењето на правото.
Напоменувајќи дека случајот е во тек, Османи ги охрабри правосудните органи да продолжат со истрагата и бескомпромисно и неселктивно да го истераат случајот до крај.
Тој нагласи дека остануваат неполни два месеца од клучните состаноци на ЕУ, на кои се очекува потврдата за почнување преговори и упати апел до сите да излезат од партиските матрици и да обезбедат стабилна, просперитетна, европска иднина на земјата.
Османи упати апел до помалите албански политички партии да не го користат „Рекет“ за дневно-политички препукувања.
Евтината злоупотреба на „Рекет“ е израз на незрелост и неодговорност и ја загрозува нашата позиција како сериозна земја кај меѓународните партнери – изјави Османи.
Нагласувајќи дека при посетата на повеќе европски земји пораките што го добил биле дека Македонија заслужува и треба да очекува одлука за почеток на преговори оваа година.
Сепак, покрај признанието и поддршката секаде каде што одиме добиваме и јасни добронамерни совети, кои треба да ги сфатиме како искрено и сериозно предупредување, истакна Османи, додавајќи дека ефикасната борба проти организираниот криминал и корупција и зајакнување на владеењето на правото се темелни европски вредности за кои земјите од ЕУ имаат низок праг на толеранција.
Comments are closed for this post.