Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Литванија Линас Линкевичиус, на која било разговарано за предизвиците со кои се соочува нашата земја на патот кон членството во ЕУ, за поддршката од страна на Литванија за нашиот евроинтегративен пат, како и за предизвиците кои ја очекуваат Европската Унија оваа година.
Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата посочил напредокот на Македонија во процесот на европските интеграции, е како заеднички успех на земјата, така и на Унијата.
Успехот на Договорот од Преспа е секако најзначаен за нас, отворајќи го патот за нашето членство во ЕУ и НАТО, но секако претставува и победа на прогресивните европски сили на целиот континент, директно посочувајќи на позитивната моќ на европската идеја, изјави Османи, посочувајќи дека по 15 години статус на земја кандидат, оваа година Македонија го очекува датумот за преговори.
Во текот на разговорот, се наведува во соопштението, соговорниците размениле мислења и околу билатералната односи и соработката помеѓу двете земји, при што заеднички е потврден интересот за нивно натамошно унапредување во сите сфери од заеднички интерес.
Во оваа насока особено е потенцирана можноста за размена на искуството од страна на Литванија во процесот на преговори, размена на искуства во имплементацијата на длабоките реформи, како и можноста за директна билатерална поддршка на земјава
Comments are closed for this post.