Вицепремиерот задолжен за економски прашања Бујар Османи денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот државен министер за европски работи, Саболч Такач, кој е претставник на Унгарија во Европската унија.
Како земја имаме недвосмислена потврда за остварениот напредок и според политичките и според реформските критериуми, што со сигурност ќе се рефлектира и во содржината на претстојниот Извештај на Европската комисија, истакна Османи.
Тој изрази уверување дека Комисијата во својот извештај ќе посочи дека Македонија и суштински е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ.
Континуираната поддршка од страна на Република Унгарија за европските интеграции на Република Северна Македонија, претставува важен елемент вграден во денешниот успех на нашата земја и како долгогодишни пријатели, ја очекуваме оваа поддршка и во пресрет на престојаните самити на ЕУ, истакна Османи.
Тој нагласи дека очекувањата и во Македонија, но и во целиот регион на Западниот Балкан се дека на претстојните самити Европскиот совет ќе ја потврди одлуката од минатата година, за старт на преговорите со ЕУ.
Comments are closed for this post.