Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи на денешната прес конференција потенцираше дека денеска ги доставил сите потребни документи во врска со истрагата со кодно име „Пациент“ која СЈО ја покрена и во која тој се јавува како осомничен.

Откако почна истрагата на СЈО постојано до мене пристигнуваат бројни прашања, како од јавноста, така и од блиските, кои постојано ми даваат поддршка. Сакам да повторам дека шпекулациите за овој случај ги имаше и порано и беа насочени директно да ја оцрнат мојата кариера, јавно барав во повеќе наврати СЈО да отвори истрага и да го расчисти случајот зошто сум чесен во моите постапки. Очекувам да бидам повикан и во предистражната пиостапка. Истрагата е отворена и изминатите денови собрав документација преку која се расчистува ситуацијата и се гледа дека нема индсции на некакво незаконско работење и дека одлуките се однесени законски и во интерес на граѓаните. Целата документација ја предадов во СЈО и во наредните денови ќе бидат доставени и сите други документи. Што се однесува до мене, овој случај е расчистен и од СЈО добив уверение дека овие документи се пресвртница во случајот.

Тој порача дека улогата на СЈО е од исклучителна важност.

Секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните , потенцираше Османи.

СЈО заедно со уште 14 лица кривично го гони Османи дека како екс министер за здравство од 2010, наместо да одбие, одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана дфа реконструира неколку болници низ земјава. Слични понуди одобрувал и во уште неколку други случаи.