Помалку е важно кој ќе победи на претседателските избори, од тоа какви избори ќе имаме, порача денес вицепремиерот Бујар Османи по работната средба на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги (АВМУ).
На заедничката прес-конференција со директорот на АВМУ, д-р. Зоран Трајчевски, Османи рече дека денешната посета на Агенцијата била во контекст на проверка на Планот 18, а со тоа да се разговара за состојбата со медиумите и слободата на говорот.
Разговаравме за говорот на омраза, за лажните вести, но посебно за претстојните претседателски избори каде што е исклучително важно е да се обезбеди фер натпревар меѓу кандидатите. Ова е суштински важно. Овој пат е помалку важно кој ќе биде претседател, одошто каков изборен процес ќе имаме, каква зрелост ќе покажеме како институции. А, треба да покажеме зрелост дека имаме институции кои се спремни да влезат во европското семејство. Улогата која ја има Агенцијата во тој контекст ќе биде вреднувана од европските институции.
Моите заклучоци по денешната средба ќе им ги пренесам на Влада за да се обезбедат сите услови, за финансиска, правна или која било друга потреба за таа да биде независна институција во вршење на својата исклучително важна функција“, рече Османи.
Трајчевски изјави дека во наредниот период ќе ги вложи сите напори за до крајот на мај да се добие позитивна препорака за почеток на преговорите.
Тоа ќе го покажеме со беспрекорно спроведување на Изборниот законик за време на претседателските избори во координација со другите органи кои го спроведуваат изборниот процес, но се разбира и со целосно практикување на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги како и Законот за медиуми.
Ние како институција сме апсолутно подготвени и сакаме да и помогнеме на Владата го исполни посакуваниот резултат“, истакна Трајчевски.
Comments are closed for this post.