Македонија и Албанија може да се разделат од пакетот заради почеток на пристапните преговори за во ЕУ.

Овие гласини за ТВ 21 ги потврди и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, но се надева дека тоа нема да се случи.

Има гласини дека може да се разделат. Јас не би сакал тоа да се случи бидејќи мислам дека двете земји заслужуваат почеток на преговорите, но на крајот не сме ние тие кои одлучуваат, затоа не треба да се мешаме во оваа дебата дали Албанија треба да добие датум или не. – вели Бујар Османи за ТВ21.