Насилниците и нарачателите на насилството од 27 Април не можат да бидат опфатени со концептот за национално помирување, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Тој во емисијата „Топ Тема“ изјави дека е неприфатливо барањето за општа амнестија од 27 Април и дека единствено би можело да се разгледа можноста да бидат третирани оние лица кои се нашле во моментот во собранието или не предизвикале никакви последици, односно се колатерална штета на случувањата.

Запрашан во која категорија спаѓаат тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети за случувањата од 27 Април, Османи рече дека тоа треба да го утврди координативното тело.

Тие се жртви на една погрешна кауза. Помирување да, амнестија не, изјави Османи.