Вицепремиерот Бујар Османи признава дека Законот за аменстија бил изгласан за да се обезбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот но оти црвените линии се да не се промовира принципот на неказнивост.
Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот. Сега, има некои моменти кои не зависат од нас, тоа е прашањето на изборите во Европскиот парламент, се зборува дека годишниот извештај за Македонија, кој вообичаено, според новиот календар, се објавува во април, овој пат ќе биде објавен по изборите таму, што значи на почетокот на јуни-изјави Османи за Алсат.
Comments are closed for this post.