Речиси сите сведоци на денешното рочиште за настаните од „27 април“ беа едногласни во излагањето дека ВМРО-ДПМНЕ не било организатор на протестите. Драган Петковски и Сашо Стошевски посочија дека Општинскиот комитет на партијата од Куманово немал никаква одлука за поддршка на протестите.
Стошевски исто така посочи дека немал никакков контакт со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и оти луѓето кои се појавувале на протестите не биле организирани од партијата туку доаѓале самоиницијативно.
Comments are closed for this post.