Пендаровски ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден е коментарот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која одговори на новинарско прашање за новиот концепт на прославата на Денот на републиката кој го објави претседателот Стево Пендаровски.
Но, кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег – вели Митева.
Како што беше соопштено вчера за првпат годинава за прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево претседателот нема да има свое обраќање туку ќе има кратко видео обраќање од две минути.
Comments are closed for this post.