Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози, напиша на својот фејсбук-профил светски познатиот македонски оперски пејач Благој Нацоски.
Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!
Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942“, напиша Нацоски.
Тој пред камерата на својот компјутер ја испеа и народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
Comments are closed for this post.