Четири случаи на бактеријата „МРСА“ се потврдeни по вонредна контролата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, сите четири случаи се кај деца од кои три од големата група во градинката „Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето „Панајот Гиновски‘‘.
Како што пишува порталот НоваТВ, се почнало минатиот месец кога мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос е пронајдена бактеријата МРСА. Веднаш биле земени брисеви на сите 37 деца при што кај 3 била откриена МРСА,а кај две стафилококус ауреус.
Инаку „МРСА“ спаѓа во групата на стафилококни бактерии. Важи за светски проблем во клиничката медицина бидејќи е отпорна на повеќе антибиотици, тешко се лекува, а кај пациенти со намален имунитет може да предизвика сериозни компликации, па дури и смрт.
Годинава, ваков случај со бактеријата „МРСА‘‘ беше евидентиран во јануари кај вработен на клиниката за стоматологија по што следуваше вонреден надзор од екипи на ДСЗИ на клиниката.
Comments are closed for this post.