Во Гинеколошко–акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес се уште се чека да се роди првото бебе оваа година.

Според информациите оттаму на 31 декември се родени две бебиња, едното неколу минути пред полноќ, а другото дваесетина минути.

Инаку, во последниве две-три години во Велес нема родено бебе на 1 јануари, а за пимер и во 2019 како и во претходната 2018  првото бебе е родено на 2 јануари.

Во 2019 година на оваа одделени при велешата Општа болница се родени вкупно 473 бебиња од мајки од Велес, но и соседните општина Градско и  Чашка, како и од соседните Свети Николе Неготино, па и по некоја од Кавадарци. Дел од велешките родилки како и во изминатите години и лани се породиле во клиниките во Скопје.

Споредено со 2018 година кога биле родени  505 бибиња лани биле родено 32 бебиња помалку. Или споредено со претходната 2017 година кога се родени 649, лани биле дури 176 бебиња помалку.

Оттаму  потенцираат дека  наталитетот во Велес и велешко последниве години се  повеќе опаѓа. Така лани се родиле само 473 бебиња, а за разлика од пред петнаесетина години кога се раѓале и над илјади, а имало и години со родени и до  1800 бебиња.