Предлогот за онлајн гласање во Собранието кој денеска треба да се најде на дневен ред е речиси истиот што пред два месеци го предложи СДСМ. Во него има многу нелогичности и нејасностии и целосно ќе ја девалвира работата на оние пратеници кои се наоѓаат на лице место во Законодавниот дом.
Најголемата пречка за овој оннајн гласање е Уставот и тоа не може да се промени со измена на Деловникот. Членот 69 од Уставот е јасен дека „Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници“.
Клучниот збор е „присуствува“ и јасно е дека станува збор за физичко присуство во салата. Доколку било поинаку во Уставот ќе било наведено „учество“ а не „присуство“ на пратениците.
Покрај тоа, досега сите измени на Деловникот се носеа со договор меѓу власта и опозицијата.За онлајн гласање нема никаков договор и освен коалицијата СДСМ-ДУИ никој друг не го поддржува овој предлог.
Во предлогот има еден дел што внесува најголем сомнеж е кој ќе контролира дали навистина гласа пратеникот кој поради изолација или корона е оневозможен да дојде во Собранието.
Имено, од пратеникот нема да се бара да се идентификува со лице дека тој е навистина зад комјутерот туку може да биде препознаен и по гласот.
За учество и одлучување на седница од далечина се употребува безбедна информациско-комуникациска технологија која овозможува пренос и снимање на слика и звук или само на звук со квалитет од кој со сигурност може да се утврди идентитетот на пратеникот кој на седницата учествува надвор од Собранието-стои во предлогот.
Comments are closed for this post.