Пет дена откако во јавноста излегоа информации за масовното прислушување на обвинители и нивните соработници Оливер Спасовски и Зоран Заев се однесуваат како ништо да не се случило, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна портпаролот на партијата, Димче Арсовски, таквото однесување не може да биде прифатливо и затоа Спасовски и Заев треба да си дадат оставки како одговорни за скандалот со прислушувањето на јавните обвинители.
Самиот јавен обвинител призна дека се прислушувало од 30 септември 2016, периодот кога е Оливер Спасовски министер во МВР. Потврдата на јавниот обвинител е уште еден доказ дека се неопходни оставки од Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Цели две години ги прислушувале обвинителите и треба уште веднаш да одговорат, кој прислушувал, зошто прислушувал, за чии цели прислушувал, кој се ги има разговорите од прислушувањето и дали разговорите биле предмет на уцени за политички цели?
Зоран Заев и Оливер Спасовски немаат повеќе кредибилитет да бидат на своите позиции. Јавниот обвинител исто така повеќе нема кредибилитет да биде на својата позиција. После ваков скандал, морално е да си дадат колективни оставки и да се тргнат од случајот за да не пречат во истрагите, истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.