Охрид се уште е жариште на новата британска мутација на Ковид-19. Бројот на позитивни на вирусот не спласнува, во болницата хоспитализирани се 53 пациенти голем дел од нив се на кислородна поддршка. Со оглед на тоа дека т.н. британски сој е многу полесно пренослив од еден се заразува цело семејство. Според епидемиолозите најголем проблем се уште останува криењето на контактите од страна на оние кои веќе се регистрирани како новозаразени.
Во охридската болница се прави ротација на медицинскиот персонал, 30 проценти од здравствените работници го прележале вирусот.
Модуларната болница сместена позади одделението за геријатрија, опремена со целокупна медицинска опрема и капацитет од 40 легла за пациенти е готова останува уште приклучувањето на електричната енергија со што ќе се зголеми капацитетот на општата болница.
Comments are closed for this post.