Крадци ограбиле две цркви во Општина Карбинци. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 65 годишниот Ѓ.Н од село Карбинци во текот на вчерашниот ден пријавил оти ноќта непознати сторители извршиле „тешка кражба“ од манастирот Света Петка во атарот на селото Калузлија, при што одзеле 4.700 денари.

Истата вечер на мета на крадците бил и манастирот Свети Илија во селото Аргулица во Општина Карбинци, каде што се одземени 4.500 денари.

Според извештаите на полицијата вообичаено страдаат црковните објекти, што се во руралните средини или се надвор од населените места. Вакви кражби имаше во штипскиот и кочанскиот регион.