Поради променето презиме на една од жртвите, во текот на денот постоеше забуна околу точната бројка на загинатите лица во тешката сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово.

Се работи за имињата Бесим Камбери и Бесим Фетаи, коишто се појавуваа на листите со загинатите лица и поради кои имаше информации дека во несреќата загинаа 15 лица.

Забуната се случи затоа што од селото Сенокос, ја споделија фотографијата на починатиот соселанец, со име Камбери, изразувајќи сочувство до семејството.

Град Гостивар, исто така, оддаде почит на 15 починати, иако официјалната бројка во тој момент беше 14 жртви.