Во време на рестриктивни мерки и полициски час дополнителна вознемиреност кај граѓаните предизвика најавата на дополнителниот заменик министер во МВР од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска дека од денеска повеќе од три лица не смеат да се возат во возило и оти шоферот мора да носи заштитна опрема додека го управува возилото.
(фото: Влада на РМ)
Како што дознаваме, таква мерка не е донесена и оти ваквите изјави предизвикуваат паника кај граѓаните, особено кај оние родители со мали деца кои и во оваа состојба мораат да ги разнесуваат децата.
За ова денеска реагираше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој објаснува дека таква одлука или препорака не е донесена но затоа апелира да се почитуваат останатите мерки.
(фото: МИА)
Во однос на пласираните информации во јавноста кои се однесуваат на ограничувањето на групирање на граѓаните во возила и употреба на заштитна опрема ги информирам граѓаните дека не е донесена ваква препорака или одлука, но апелирам до нив да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање и носење заштитна опрема со цел заштита на своето здравје и здравјето на своето најблиски.