Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на државата Стево Пендаровски, во кој ја истакнал потребата од свикување на лидерска средба од страна на претседателот на која ќе се разговара за одложување на парламентарните избори закажани за 12 април со цел заштита на граѓаните, а поради новонастанатата ситуација со коронавирусот и мерките кои се спроведуваат.
Барањето за свикување на лидерска средба било прифатено и истата ќе се одржи утре во претпладневните часови.
Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо, рече денеска на прес конференција Мицкоски.
Comments are closed for this post.