Седницата за уставни измени во Собранието ќе продолжи во 16 часот откако претходно Државната изборна комисија (ДИК) треба да го извести Собранието за пратеникот кој ќе дојде на местото на досегашниот пратеник, Томислав Тунтев, кој вчера поднесе оставка.
Предлогот за новиот пратеник, кој ќе дојде на местото на пратеникот треба да биде разгледуван на комисијата за мандатно-имунитетни прашања, а потоа треба да биде констатиран и од пратениците.
Потоа, се очекува да почне и седницата за уставните измени.
Comments are closed for this post.