Судот на денешното рочиште не прифати ниту еден доказ на одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“.

Одбраната на Бојан Јовановски за „Пресинг ТВ“ објаснува дека денеска се потврдило тоа и што било очекувано-дека судечкиот совет нема да придфати клучни докази кои се однесуваат на разговори на членови на поранешната но и на актуелната со познатиот Бојан Јовановски меѓу кои со најважниот, Зоран Заев.

Отфрлени се сите предлози на обраната и тоа тие остануваат практично без никакви докази. Дополнително, судот судот прифати некои од предлозите на Обвинителството.

Бојан Јовановски побара како докази да се презентираат повеќе комуникаци меѓу него и поранешни функционери на власта од вацап апликацијата како што се Љупчо Николовски, Стефан Богоев, Мила Царовска и др.