Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се одржува од 11 до 22 февруари во Струга.
На свеченото отворање на десеттата Школа за млади лидери на 11 февруари 2019 година, во Струга, покрај претседателот Иванов, се обрати и д-р Талал Абу-Газалех, претседател на Tag-org, глобалната организација за професионални услуги и едукација.
Во фокусот на 10. Школа за млади лидери се предизвиците на 4-та индустриска револуција.
Comments are closed for this post.