Кривичниот суд го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна од две години.
Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје… Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против ова решение во рок од 3 дена до Кривичниот совет“, стои во објавата на Кривичен.
Сега Груевски има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да се произнесе.
Двете причини на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска односно врз основа на докторската теза да напише книга.
Ако и Кривичниот совет ја отфрли жалбата, Груевски на 8 ноември ќе мора да се јави во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.
Двегодишната затворска казна на Груевски му беше изречена за предметот на СЈО „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“.
Comments are closed for this post.