Специјалната обвинителка Катица Јанева на состанок ги известила дел од
вработените во СЈО дека ќе биде извршено „форензичко бришење“ на датотеки од сите
компјутери во СЈО, дознава „А1он“.

Вработените ја прашале зошто Јанева бара да се спроведе бришење на датотеките, но шефицата во оставка не ја кажала причината. Тие се побуниле на ваквата одлука донесена од Јанева.

Обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ во изјава за „А1он“ вели дека не сака да коментира непотврдени информации“.

„Не сакам да коментирам непотврдени и непроведени информации. Хипотетички не
размислувам додека информациите не се потврдат“-изјавила Русковска.