Премиерот во заминување Зоран Заев денеска говореше на руски бизнис форум посветен на економските врски меѓу двете земји. Тој во говорот истакна дека се добри но оти има простор да се подобруваат.
Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме-истакна премиерот во заминување.
Ова се сосема нова реторика на Заев кога станува збор за односите во официјална Москва и се случува по дебаклот во Брисел каде Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Изминативе три години, Заев постојано даваше изјави против Русија и руските власти па дури и ги обвини за државен удар и поттикнување насилни протести во Македонија.
За време на посетата на Црна Гора, Заев ја обвини Русија дека сака да го спречи влегувањето на Македонија во НАТО и оти ситуацијата е : „Copy-paste“ како со црногорскиот случај.
Русија дури и не ја крие својата непријатност од приближувањето на Македонија во НАТО-рече Заев во Црна Гора.
Пред референдумот пак Заев изјави дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство.
Странските сојузници на Русија плаќаат илјадници долари за да поттикнат насилство за да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, изјави македонскиот премиер за американскиот веб-сајт Базфид.
Минатата година власта протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал, на што официјална Москва одовори дека „соодветно ќе одговорат“.
Последен пат Заев индиректно ја посочи Русија по средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски со амбасадорот во земјава. На партиска трибина Заев обвини за тајни пактови и сценарија со трети страни и оти опозицијата се радува на неуспехот во Брисел.
Comments are closed for this post.