Модифицираниот француски предлог, поради кој се поделивме до невидени граници, предизвика бројни контроверзии, но, сите беа директно или индиректно поврзани со стравот од идентитетска закана, за Македонците и македонскиот јазик.

Реферирајќи на тезата дека само како Бугари можеме да влеземе во Европската Унија, сакам да потенцирам дека апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, нагласи вчер претседателот Стево Пендаровски при годишното обраќање во Собранието.