Според календарот за имунизација од денеска влегуваат во употреба две нови вакцини за бебињата и доенчињата. Станува збор за вакцините ротавирус и пнеумокака.

Со вакцината ротавирус се превенира при стомачни и црвни инфективни заболувања, а со пнеумокака вакцината се спречуваат респритарните заболувања.

90 илјади вакцини од двата типа ќе бидат поделени низ здравствените установи за имунизација. Овие вакцини во повеќето европски земји се применуваат повеќе од една деценија.