Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на адвокатската комора Љубомир Михајловски – Џанго, републичкиот обвинител Љубомир Јовевски, Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет се меѓу членовите на новоформираната Комисија за помилувања во рамки на претседателскиот кабинет.

Во комисијата која ќе одлучува за помилувањата ќе бидат и поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли кој ќе биде и претседател на Комисијата, државниот правобранител Феми Мустафа, Темелко Ристевски, универзитетски професор,Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд, Божин Аврамовски, судија во пензија, Ерол Рушид, лекар, Зора Митиќ, лекар  и Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.