Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова утрово ќе сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на истрагата за случајот „Рекет“. Повикот за нејзино сведочење уследи откако јавно објави дека во одредени сегменти не се сложувала со одлуките на нејзината шефица Катица Јанева во предметот „Империја“.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев.. Според објавените аудио-возуелни снимки за случајот „Рекет“, тој им дал 1,5 милиони евра на Бојан Јовановски или Боки 13 и на Зоран Милевски-Кичеец, за да запре кривичниот прогон против него.

Обвинителката Стефанова неколку пати појасни дека „поволностоте“ кои ги добил осомничениот Камчев, односно укинувањето на притворот и враќањето на пасошот, биле дадени од шефицата Јанева, која истон така барала предметите „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

Вчера во обвинителството сведочеше и обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска.