ОБСЕ го следи изборниот процес со 250 набљудувачи распоредени низ целата земја, а процесот досега се одвива без проблеми, информира Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ денеска пред избирачкото место во средното училиште „Јосип Броз-Тито“ во Скопје.
Шефот на делегацијата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, Рајнхолд Лопатка информира дека единствена забелешка досега е тоа што на некои луѓе на кои им биле истечени личните карти биле враќани, па потоа доаѓале да гласаат со своите пасоши.
Многу е важно за Северна Македонија да покаже дека сè се одвива на начин за кој би можело да се каже дека сме задоволни, бидејќи сакаме да ја видиме државата во Европската Унија, па затоа е многу важно владеењето на правото да се почитува“, вели Лопатка.
Во листата на ова избирачко место, како што информира Лопатка, има 800 запишани гласачи, а до 10 часот учествувале само 14.
Comments are closed for this post.