Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денес ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април. Методологијата е јавна и може да се види на интернет страницата.
Пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава. Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.
Методологијата може да ја погледнете ТУКА
Comments are closed for this post.