Граѓани од најранливите категории од денеска до 6 март можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струмица, што го објави Министерството за транспорт и врски.

За становите може да аплицираат седум категории граѓани: деца без родители или родителска грижа кои до 18 година биле згрижени во институција, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, инвалидни и лица на кои им е потребна помош од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, припадници на Ромската заедница, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош,  лица со инвалидитет, самохрани родители со малолетни деца, деца кои користат социјална помош, лица од ромската заедница, слепи лица  корисници на социјална  или постојана парична помош.

На огласот може да се пријават само лица кои влегуваат во една од седумте категории. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци, како што рече Сугарески, ќе бидат отфрлени.

Апликантите треба да бидат државјани на Македонија со постојано место на живеење во Струмица и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Документацијата се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови.

Зградата е лоцирана на ул. „Ѓорѓи Василев“ во Струмица. Во неа има 41 стан, од кои четири ќе бидат доделени на Министерството за труд и социјална политика кое пак ќе ги подели на граѓани од најранливите категории граѓани.  Изградена е  преку Програмата на АД за изградба и стопанисување со јавен и државен  простор