Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на последното рочиште беа сослушани сведоци предложени од одбраната.

Предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.