Ниту еден македонски државјанин не ја минал границата на излез ниту пак на влез во земјата на најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во текот на денов откако за излегување од земјава треба да се потпише изјава дека три месеци нема враќање назад.
Како што информираат од ГП „Богородица“, ситуацијата е мирна како никогаш досега, доследно се применуваат мерките на Владата и автомобили не можат да се забележат во двете насоки.
Нормално функционира само товарниот сообраќај за излез и влез во земјава со напомена дека од 21 часот навечер до 5 часот наутро од грчка страна камионите не се пропуштаат на влез во земјава.
Comments are closed for this post.