Спротивно на претпоставките објавени во печатот, ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Никола Груевски да ја напушти Македонија. Во согласност со унгарските законски прописи и меѓународната пракса, сè додека постапката не заврши, унгарските власти не се во можност да обезбедат дополнителни информации во врска со постапката за азил. Сепак, потенцираме дека Никола Груевски е во Унгарија законски во согласност со законските одредби во врска со процедурите за азил“, соопшти кабинетот на унгарскиот премиер.

Ова стои во соопштението кое го лиферуваше унгарската влада, а објавено е на веб страницата на Владата во моментот кога премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција и изрази сомнеж дека Никола Груевски можеби е киднапиран. Во таа насока побара и одговори и од неговиот претходник, но и од Унгарија.

Во соопштението од унгарската влада повторно нагласија дека експремиерот Груевски го најавил барањето за азил во една од странските претставништва на Унгарија. Од безбедносни причини, поради тоа што Груевски десет години бил премиер, унгарските власти овозможиле поднесувањето на барањето и сослушувањето да бидат во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта место во прифатен центар. Канцеларијата за имиграција и азил, укажуваат од унгарската влада, го води процесот на азил во согласност со унгарскиот закон и во согласност со меѓународното право.