Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за имнето меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, објави соопштение по вчерашното усвојување уставни измени од Парламентот во Скопје во кое ги поздравува потезите за имплементација на Договорот од Преспа.
„Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, на кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив“, се евели во пораката на Нимиц.
Comments are closed for this post.