Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со Сања Лукаревска, Трајан Димковски и Благој Бочварски доцна попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на населбата 8ми ноември во Штип.
Во своето обраќање Николовски се осврна на досега спроведените мерките, реализираните проекти и политиките во интерес на граѓаните, како и за новиот систем на делување на СДСМ како партија предводник на промените.
– Драго ми е што сум денеска овде затоа што денеска е навистина посебен ден за Штип и граѓаните. Она што не и успеало досега на ниедна влада и успева на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Започнува реализацијата на проектот за изградба на брана на реката Отиња, капитален проект за Штип и штипскиот регион. Она што е особено значајно е дека изградбата на браната ќе го финансира Владата. Тоа е уште еден доказ дека сме посветени на потребите и интересите на граѓаните. Денеска се пушти во употреба и автопатот Миладиновци – Штип, претходно беа надминати сите наплатени проблеми и блокади и сега Штип е поврзан со модерен современ автопат,. За нас зборот важи, истакна Николовски
Comments are closed for this post.