Премиерот Зоран Заев ја оцени како одлична средбата со својот француски колега Едуард Филип во Познањ, а летото, најави, ќе им биде работно, бидејќи одлуката за добивање датум за преговори е во октомври.

Одлуката е поприлично апсолвирана, но сите земји си имаат и внатрешна дебата. Франција, зошто ја спомнуваме, па и Холандија, заради нивната внатрешна дебата. Но, едно е сигурно, дека не можат да поминат покрај сите успеси. Успесите се заеднички, реформите заедно ги направивме, консензуално ги гласавме во Парламентот. Договорот 81 пратеник го имплементираа во Собранието. Тоа европските лидери и тоа како го почитуваат, изјави денеска Заев