Многу е важно кога се зборува за актуелниот случај „Онкологија“ да се каже дека има разлика или треба да се разјасни што се тоа протоколи, а што се процедури.
Најголем дел од медицинските лица професионално ги спроведуваат работите и ги знае протоколите. Второто прашање е немање на процедури или една клиника треба да има воспоставена процедура. И трета работа се патеките на лекот. И тука е КАТО системот и прашањето е зошто тој не се употребува, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Оттука укажа, Николов, веројатноста е голема дека на некого му одговара функционирање во магла или немање јасно воспоставени стандарди и пренесување на истите. Или како што рече Николов, и покрај тоа што од Министерството за здравство не биле формирани работни групи за преведување и адаптирање на протоколите, медицинските лица од Онкологија, но и од другите клиники работат и постапуваат професионално според европските и американските светски протоколи иако тие се на англиски јазик.
Според него здравствените работници во најголем дел професионално си ја вршат работата.
„Сепак гледаме дека има одделни случаи. Индивидуалните случаи што побрзо треба да се санкционираат од страна на истражните органи затоа што не може целиот персонал кој е професионален во најголем дел да преземе дел од таа одговорност која е резултат на системски недоследности“, посочи Николов.
Доктор Николов посочи дека случајот „Онкологија“ не е исклучок и дека слични работи веројатно има и во други здравствени институции, или дури и онаму каде што има протоколи тие не се усогласени уште од 2016 година иако тоа претставува една од законските обврски на надлежните институции воз здравството.
„Во конкретниов случај ако некој сака да се оправда, најлесно е се да се префрли целата вина врз медицинскиот персонал. Но секако прашањето треба да се постави системски. Тендерската постапка за биолошка терапија ја спровело МЗ, следливост и начинот на употребата на терапијата требало да ја извршува МЗ и ФЗОМ, активноста на тумор бордовите и стручниот колегиум требало да го следи МЗ и ФЗО, следливоста на потрошувачката на терапијата потребно е да ја следи МЗ и ФЗО, со еден збор дисфункционалниста на овие институции довело до наведената состојба. Идејата на некого да креира “култ кон личност”, која што личност на времето нејзино владеење да се прават стикери за неа, да се посветува внимание и друго, сето тоа резултираше со елиминација на систем туку креирање на чувство дека се зависи од еден човек од една личност“, рече Николов
Comments are closed for this post.