Дали Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на Македонија, прашаа денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Доколку нашите сомневања се потврдат ТАТ на Црвенковски, бонбона бизнисите на Шекеринска и актуелните рекетарски октоподи ќе бидат детска играчка за половина милијарда евра колку што планира Заев да ја задолжи Македонија пред комерцијалните банки, наводно за изградба на нов клинички центар. Внимавајте, не пред Европската банка за обнова и развој, туку во комерцијална банка, по комерцијални услови, во банка која се интересира само за профит. Не сака Зоран Заев некоја институција како развојна банка на ЕУ да го контролира процесот, како се трошат парите од заемот. Тој сака да ги троши без контрола, колку и да е повисока каматата, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Николов вели дека министерот Филипче и премиерот Заев треба да дадат одговор на следните прашања:
Прво, колку ќе се задолжува државата за новиот клинички центар, поточно под кои услови? Дали е сеедно да се земе кредит од комерцијална банка или од развојни банки? Бидејќи клиничкиот центар ќе се плаќа со пари на народот.
Второ, додека не се изгради новиот клинички центар, односно следните 10 години дали граѓаните ќе се лекуваат во руинираните згради на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ или имаат некаков план и програм за реновирање?
Comments are closed for this post.