Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски реагира на барањето на Зоран Заев да си поднесел оставка.Тој го потсетува на сите работи кои јавно ги изнел и се оствариле

Читам Заев побарал да си поднесам оставка. Знам дека тоа му е желба уште од изборите кога му отидов на гостински терен во „неговата“ четворка и го победив во 12 од 19 општини, а тој не го направи резултатот кој што го очекуваше. Таа желба нема да му се оствари, напротив! Заев ќе биде поразен на следните избори од ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски-објасни Николоски.